Slovenski English Deutsch Italiano Français Espańol Hrvatsko Srbsko   ПочетокКонтактСтруктура на страницата
1x1px_white
bgnd_header_le
TRM-филтер
1x1px_white
Решенија за... Производи За партнерите Зошто TRM-филтер? За компанијата
bgnd_header_re
1x1px_white
Решенија за...



... компанијата TRM-филтер се истакнува пред сè со својата професионална компетентност, реакцијата и амбициозноста. Затоа сме сигурни дека ќе соработуваме успешно и на многу други проекти во иднина.

Д-р. Игор Михелич, MELAMIN d.d.

Прехранбена индустрија

Решенија за прехранбената индустрија – заштедете со повторна употреба на филтрираните сировини

  • Дали при мешањето и дозирањето е присутна навистина ситна и леплива прашина и вашите филтри се валкаат?

  • Немате можност дадените филтрирани сировини да ги користите одново, со што се појавува загуба на материјалот?
  • Постои ли ризик од експлозија заради долготрајноста на прашината и процесот?

Со нас ќе дишете полесно

Врз основа на долгогодишното искуство и знаење ги решаваме проблемите во прехранбената индустрија на ефикасен начин.

Нашите решенија се секогаш поткрепени со мерења, симулации и тестирања. По развојот и производството, се целиме кон употреба на најсоодветните и најквалитетните материјали кои заедно со иновативниот пристап гарантираат врвен производ.

За проблематичната, навистина ситна и леплива прашина за вас имаме делотворен систем за чистење на филтрите ко кои значително ќе го продолжите работниот век на филтрите.

Заради употребата на материјали со најдобар квалитет и посебен систем за чистење на филтрите во циклуси, чистењето е поретко, што последователно значи и помала употреба на енергија, поголем интервал за менување на влошките за филтрите, помалку застој, помалку работа за одржување и конечно големи заштеди.

По избор има и посебна изведба на материјалите што се во согласност со побарувањата во прехранбената индустрија.

Постои можност за изведба на Atex

За областите што се загрозени од експлозија и за филтрација на потенцијално експлозивните прашини и плинско-прашни атмосфери, има ЕКО-КОМПАТИБИЛНИ апарати што се во согласност со директивата за Atex 94/9/EC.  Посебните материјали и конструктивните решенија го исклучуваат трајниот извор на искрење, кој заради можните надворешните извори на искри и самоискрењето, не може да се исклучат во целост. Затоа, апаратите за филтрација на Atex се конструирани на тој начин што, ако и покрај сите мерки дојде до експлозија, истата е контролирана и под надзор.

Соодветни решенија за:

Зошто соработката со нас е одлично решение?

Долгогодишното искуство и школување на нашите вработени се гаранција дека со нас ќе добиете експерт за областа на филтрите и гаранција за безбедност на вашето решение.

Разновидните искуства и високо ниво на познавање ви нудат решенија за специфични проблеми. Со тоа добивате партнер кој на иновативен начин ќе ги реши проблемите со комплетната филтрација во компанијата.

Погледнете повеќе причини зошто соработката со нас е одлично решение!

Емил Хабјан
ви стои на располагање за повеќе информации. Може да контактирате со него на е-адресата
или да му се јавите на телефон на +386 (0)1 527 22 16.

Новости, корисни написи, трендови и посебни понуди од TRM-филтер!
Ваша е-адреса
1x1px_transparent
одјавување
Приватност на податоци

ЕКО-компатибилност
Елиминирајте ја прашината и вратете го свежиот и пречистен воздух во работната средина.
Повеќе информации  Повеќе информации
ЕКО-компатибилност

Печати печати  |  На почеток на почеток


Информации

Фармацевтска индустрија Хемиска индустрија Прехранбена индустрија Металопреработувачка индустрија Друга индустрија
Апарати за отпрашување Извлекувачи
 на масна замагленост
Извлекувачи
 на емулзиска замагленост
Модуларни цевни системи KMH Влошки за филтри
Вовед Референци Студии со примери Квалитет Вработување Каде сме? Контакт