Може да ви помогнеме да имате почист воздух
- Имате ли во воздухот токсични материи заради природата на работата или испарувања што се штетни по здравјето?
- Дали сервисирањето на филтрите е обемно и скапо?
- Имате многу големи барања за доверливоста и ефикасноста при работата на филтрите?
Со нас ќе дишете полесно! Врз основа на долгогодишното искуство и знаење ги решаваме проблемите на ефикасен начин во однос на всмукување на прашината и тековните аеросолни материи што се појавуваат при најразновидни процеси. Се посветуваме засебно на секој клиент со првична анализа на проблемот и со професионална изработка на проект. Нашите решенија се секогаш поткрепени со мерења, симулации и тестирања. По развојот и производството се целиме кон употреба на најсоодветните и најквалитетните материјали кои заедно со иновативниот пристап гарантираат врвен производ. За проблематичната, навистина ситна и леплива прашина за вас имаме делотворен систем за чистење на филтрите со кои значително ќе го продолжите работниот век на филтрите. Заради употребата на материјали со најдобар квалитет и посебен систем за чистење на филтрите во циклуси, чистењето е поретко, што последователно значи и помала употреба на енергија, поголем интервал за менување на влошките за филтрите, помалку застој, помалку работа за одржување и конечно големи заштеди. Во кои области може да ви помогнеме? Може да ви помогнеме да дојдете до подобар и почист воздух во следните индустрии и процеси:
- режење камен,
- обработка на композити,
- производство и обработка на керамика,
- градежништво (цимент, вар, адитиви, малтер...)
- тутунска индустрија,
- текстилна индустрија,
- хартиена индустрија,
- изработка на печатени кола,
- дистрибуција на големи товари,
- производство на бои и лакови,
- леење под притисок,
- пневматски транспорт,
- преработка на пластика,
- централни всмукувачки системи,
- производство на тонери,
- прашно обојување,
- дрвнопреработувачка индустрија.
Соодветни решенија за:
Зошто соработката со нас е одлично решение? Долгогодишното искуство и школување на нашите вработени се гаранција дека со нас ќе добиете експерт за областа на филтрите и гаранција за безбедност на вашето решение. Разновидните искуства и високото ниво на познавање ви нудат решенија за специфични проблеми. Со тоа добивате партнер кој на иновативен начин ќе ги реши проблемите со комплетната филтрација во компанијата.
Погледнете повеќе причини зошто соработката со нас е одлично решение!
Емил Хабјан ви стои на располагање за повеќе информации. Може да контактирате со него на е-адресата или да му се јавите на телефон на +386 (0)1 527 22 16.
|