Ефикасни решенија за филтрација во фармацевтската индустрија
- Дали при процесот е присутна леплива и многу ситна прашина? Дали филтрите се нечисти заради тоа?
- Дали при промената на филтрите доаѓа до контакт со супстанци што се штетни по здравјето?
- Постои ли ризик од експлозија заради долготрајноста на прашината и процесот?
Со нас ќе дишете полесно!
Врз основа на долгогодишното искуство и знаење ги решаваме проблемите во фармацевтската индустрија на ефикасен начин. Нашите решенија се секогаш поткрепени со мерења, симулации и тестирања. По развојот и производството, се целиме кон употреба на најсоодветните и најквалитетните материјали кои заедно со иновативниот пристап гарантираат врвен производ. За проблематичната, навистина ситна и леплива прашина за вас имаме делотворен систем за чистење на филтрите ко кои значително ќе го продолжите работниот век на филтрите. Заради употребата на материјали со најдобар квалитет и посебен систем за чистење на филтрите во циклуси, чистењето е поретко, што последователно значи и помала употреба на енергија, поголем интервал за менување на влошките за филтрите, помалку застој, помалку работа за одржување и конечно големи заштеди. Како опција, нудиме и таканаречената изведба на „bag in bag out“ за целосно безбедна замена на влошките за филтрите, без контакт со супстанци што се опасни по живот. Тоа значи безбедно работење и намалување на ризиците за вашите вработени.
Постои можност за изведба на Atex За областите што се загрозени од експлозија и за филтрација на потенцијално експлозивните прашини и плинско-прашни атмосфери, има ЕКО-КОМПАТИБИЛНИ апарати што се во согласност со директивата за Atex 94/9/EC. Посебните материјали и конструктивните решенија го исклучуваат трајниот извор на искрење кој, заради можните надворешните извори на искри и самоискрењето, не може да се исклучат во целост Затоа, апаратите за филтрација на Atex се конструирани на тој начин што, ако и покрај сите мерки дојде до експлозија, истата е контролирана и под надзор.
Соодветни решенија за:
Зошто соработката со нас е одлично решение?
Долгогодишното искуство и школување на нашите вработени се гаранција дека со нас ќе добиете експерт од областа на филтрите и гаранција за безбедност на вашето решение. Разновидните искуства и високото ниво на познавање ви нудат решенија за специфични проблеми. Со тоа добивате партнер кој на иновативен начин ќе ги реши проблемите со комплетната филтрација во компанијата.
Погледнете повеќе причини зошто соработката со нас е одлично решение.
Емил Хабјан ви стои на располагање за повеќе информации. Може да контактирате со него на е-адресата или да му се јавите на телефон на +386 (0)1 527 22 16.
|