За оптимална операција за примена на филтрација со најголема можна безбедност и доверливост
Механички филтри – голем избор на различни филтри сè до класа Н13
MultiAir Premium Механичките филтри MultiAir Premium се употребуваат за излачување на практично сите емулзиски масла и тврди честички. И покрај малите димензии, MultiAir Premium е многу економичен, доверлив, безбеден за работа и едноставен за употреба и одржување. Неговите предности се во гаранцијата на подобрениот квалитет на животот и безбедноста на работното место.
MultiAir Premium е особено ефикасен за излачување на емулзиското замаглување при постапка на режење метал во металопреработувачката индустрија. Може да изберете меѓу два система на контрола: основен MechaTronic и посоодветната верзија MultiTronic кој се употребува и кај електростатичките филтри. Намената на двете иновативни подобрувања е да се гарантира оптимална операција за примена на филтрација со најголема можна безбедност и доверливост.
Систем на контролата:
MechaTronic
MechaTronic ја сигнализира состојбата на работата, сервисните побарувања и грешки во работата со помош на ЛЕД-диоди, како и пад во притисокот на самиот филтер. Диодата трепка и преоѓа во состојба на готовност кога системот ќе ја помине граничната вредност за пад на притисокот. Сите сигнали се прикажуваат однадвор со помош на движечки контакти.
MultiTronic
MultiTronic контролира, надгледува и заштедува на константен, рамномерен проток на воздух во системот за филтрација (прилагодливост од 20% до 100%). Системот дигитално го прикажува падот на притисокот и сигнализира ако се појави потреба за сервисирање. Системот нуди и можност за оперативен приказ на резултатите преку далечински екран.
На располагање има голем избор на различни пред- и главни филтри кои гарантираат оптимален избор за секоја можна апликација. Сите предфилтри (со исклучок на касетниот систем во куќиште со постолје за филтерот) се обновуваат, а главните се одликуваат со маслофобични и хидрофобични одлики. Обновливите филтри се класа G2 до F5, главните филтри се класа F7 до H13. Замената на филтрите е многу едноставна заради големиот отвор кај филтерот.
Модули за филтрите:
Модел на сликата: Единица со предфилтер V Сепараторска единица S Вентилациска единица Fr
Емил Хабјан ви стои на располагање за повеќе информации. Може да контактирате со него на е-адресата или да му се јавите на телефон: +386 (0)1 527 22 16.
|