Брза и едноставна монтажа
Модуларниот цевен систем КМН се употребува пред сè за всмукување, пречистување и пневматски транспорт.
Честа употреба во:
- фармацевтската индустрија,
- прехранбената индустрија,
- мелничката индустрија,
- хемиската индустрија, и
- пневматскиот транспорт.
Зошто да се решите за употреба на цевниот систем КМН?
- Во каталогот на располагање ви се стандардни елементи (цевки, колена, разгранувања, преодни пресеци, жлебови…) со стандардни дијаметри од DN80-DN630 (по нарачка има и други дијаметри)
- Прашно обоена, поцинкувана или не`рѓосувачка изведба на дебелини од 1 до 3 мм
- За составување на цевките се користат спојки со дихтунзи, што значи исклучително добро спојување и поедноставна монтажа и демонтажа (на располагање има и изведба со фланши)
- За да се обезбеди спроводливост на цевководот, КМН нуди дисхтунзи од посебни спроводливи материјали, и заради тоа не е потребно исклучително тешко и скапозаземјување на цевководот, што значи дека штедите на време и пари
- Жлебови и во ATEX-изработка
- Дихтунзи отпорни на масло, температура и киселина
- Посебни изведби за абразивна прашина
- Брза достава и на елементите по нарачка
Едноставна монтажа
Главниот квалитет на цевниот систем КМН е исклучително едноставна монтажа, исто како да си играте со лего-коцки.
Сите елементи се стандардни и модифицирани за едноставна и брза монтажа. Гарантираат минимален пад на притисокот и максимална транспортна брзина на материјалите, без заглавување и запушување на цевководот.
Нарачајте свој примерок на каталогот! Врски до проспектите за производите на KMH: Категории на производите Цевни елементи и спојки, соодветни за барањата за под 3 bar Монтажа со клеми електроспроводливост на дихтунзите Тест за електроспроводливоста на дихтунзите ICS-сертификат
Боштјан Пожлеп ви стои на располагање за повеќе информации. Може да контактирате со него на е-поштата или да му се јавите на телефон на +386 (0)1 527 22 12.
|